За нас

 

Имајќи ја во предвид сувенирската понуда во нашата земја која е со голем потенцијал, започнавме да ги собираме производителите и да ги пласираме нивните производи во нашата продавница.

Бидејќи нашата првенствена цел е да го поттикнеме домашното креативно производство, формиравме единствена и најголема база на сувенири во Македонија која постојано ја надградуваме. Моментално имаме преку 50 соработници и производители од цела Македонија, креативци од различни струки: применета уметност, сликарство, дизајн, технологија, стари и уметнички занаети. Соработуваме со занаетчии, занаетчиски работилници, здруженија, невладини организации.

Голем дел од нашите производи се изработуваат уметнички, од стари занаети, се со цел да се зачува традицијата на Македонија.

Направивме понуда со јасна и богата содржина, постојано стремејќи се кон висок квалитет и бескрајна оргиналност.

Направивме модерен и современ, а во исто време традиционален и автентичен амбиент.

Кога некаде одите или кога вам ви доаѓаат пријатели, деловни соработници, гости, кога барате нешто што ќе ги продолжи сеќавањата за Македонија, повелете, посетете нe, кај нас секогаш ќе најдете Сe НА ЕДНО МЕСТО: книги, музика, маици, знамиња, приврзоци, магнети, чаши, слики, икони, навивачки реквизити и уште многу други сувенири!

Посетете нe! и препуштете се во изборот од над 3.000 различни производи.

НИЕ СОБИРАМЕ А ВИЕ, ОДБЕРЕТЕ!

МАКЕДОНСКО КАТЧЕ